18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГолемо промашување на Adidas: Новата технологија прескапа, крај за две нови фабрики

Големо промашување на Adidas: Новата технологија прескапа, крај за две нови фабрики

Германскиот производител на спортска облека Adidas најави затворање на две роботски фабрики во Германија и САД, објаснувајќи дека користењето модерна производствена технологија во Азија ќе биде „поекономична и пофлексибилна“.

Adidas започна високо роботско производство на патики во фабриката Speedfactory во Ансабах, Германија во 2016 година. Во 2017 година тие отворија слична фабрика во Атланта, САД. Германската компанија ги отвори овие фабрики како би испорачала нова линија за спортска облека и обувки на главните пазари што е можно поскоро. Дополнителна причина беше растот на платите во Азија и повисоките трошоци за испорака во тој регион.

Оригиналниот план беше да се воспостави мрежа на роботски производствени капацитети ширум светот. Меѓутоа, сега соопштија дека најдоцна до април следната година ќе го прекинат производството во тие два погони и ќе ја остават употребата на новата производствена технологија за производство на обувки на добавувачите во Азија.

Двајца добавувачи ќе користат нова технологија, која го скратува времето на производство, во развој на поширок спектар на производи, не само за патики за трчање, а Adidas ќе продолжи да ги тестира производствените процеси во т.н. adiLab во Шенфилд, Германија.

Во Adidas не наведоа детали за одлуката за затворање на погоните кои се покажаа како скапи. Вооедно примената на нова технологија на различни типови производи се покажа дека е потешка, отколку што очекуваа.

Фабриките и помогнаа на компанијата да стекне нови знаења за иновативното производство, нагласи директорот на Adidas за глобалниот бизнис, Мартин Шанкланд. Сепак, ќе биде поевтино и пофлексибилно за Adidas да ја препушти примената на новата технологија на добавувачите, истакна Шанкланд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП