20 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕСнимката која го шокираше светот(видео)

Снимката која го шокираше светот(видео)

Прилично необична риба беше забележана во едно езеро во Кина. Поради необичната форма на главата на крапот, се добива впечаток дека рибата има човечко лице.

Еден посетител на село во близина на градот Кунминг, на југот на Кина, каде што била забележана рибата, снимил „крап со човечко лице“.

Видеото беше споделено и на кинеската социјална мрежа Weibo.

На снимката, која предизвика многу коментари, се гледа рибата како плива до работ на езерото и ја вади главата над површината на водата.

Друг крап, чија глава личи на човечко лице, беше пријавена во 2010 година. Во тоа време, британецот Бренан О’Саливен тврдеше дека купил „нормален крап“, кој потоа започнал да „развива чевечки црти на лицето“.

„Беше неверојатно. Можев лесно да издвојам две очи, нос и уста. Отпрвин, мислев дека добив сончаница и дека ми се привидува“, рече Бренан, чиј чудниот крап тогаш се вреднуваше во износ од 40.000 фунти.

Не е познато дали, на кого и по која цена ја продал рибата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП