29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТинејџерот Фати: Сакам цела кариера да останам во Барса

Тинејџерот Фати: Сакам цела кариера да останам во Барса

Крилниот напаѓач на Барселона, Ансу Фати изјави дека сака да остане во овој клуб до крајот на кариерата. Фудбалерот, кој неодамна наполни 17 години, призна дека ова е негова цел уште од почетокот на неговата кариера.

– Отсекогаш сум сакал да бидам овде. Тоа беше мојата цел уште од почетокот и се надевам дека можам да го поминам целиот живот овде. Смирен сум, се обидувам да правам нормални работи. Играчите од тимот до 19 и Барса „Б“ се мои соиграчи и тие ќе останат такви. Јас целиот ден го поминувам со нив и ништо нема да се промени, изјави талентот за ТВ Барса.

Тој додаде дека неговиот сон неодамна се остварил.

– Прво го направив своето деби, а потоа го постигнав првиот гол за сениорите. Моментите за кои сонував станаа реалност. Тешко е да се поверува, посочи Фати.

Оваа сезона тој има забележано 9 натпревари на сите турнири, постигнувајќи 2 гола и 1 асистенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП