27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАiPhone 5 е најомразениот паметен телефон

iPhone 5 е најомразениот паметен телефон

175134971851d6eb69f3abc282923046_orig

Аналитичарите на компанијата „We Are Social“ ги анализирале податоците од „Twitter“, форуми и сите други места на интернет каде е можно да се изнесе своето мислење по претставувањето на „iPhone 5“, „Galaxy S4“, „BlackBerry 10“ и „Nokiа Lumiа 920“, она што го дознале е навистина интересно.

Судејќи по нивните податоци паметниот телефон на „Apple“ – „iPhone 5“ е најомразениот паметен телефон на пазарот и е критикуван на секој петти пост на интернет.

За работите да бидат уште поинтересни „Samsung Galaxy S4“ е најсаканиот паметен телефон со само 11 проценти на жалби.

Меѓу критиките кои се однесуваа на „iPhone 5“ беа проблемите со новиот „Lightning“ конектор кој ги принуди корисниците на стариот „iPhone“ да купуваат нов адаптер и нови „Apple“ мапи.

Некои корисници се жалеа и на фотографиите кои според нив имале виолетови нијанси.

Тоа што е уште поинтересно е дека вкупно 56 проценти од сите дискусии за „Galaxy S4“ биле за новата технологија на следење на погледот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП