29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНекомплетниот Вардар ја совлада Војводина во СЕХА

Некомплетниот Вардар ја совлада Војводина во СЕХА

Ракометарите на Вардар вчеравечер ја совладаа Војводина со 26:23 во натпревар од СЕХА лигата, и со новите три бода, се изедначија со Мешков Брест на првата позиција на табелата во групата A.

Петтата сезонска победа беше извојувана благодарение на подобрата игра во второто полувреме, откако на пауза се замина со 11:11. Скубе со 7, Димитриоски со 6 и Чупиќ со 5 гола, беа најефикасни кај македонскиот и европски првак, додека Кугис имаше 11 одбрани.

Проблематично за Вардар е што на почетокот на средбата со Војводина се повреди бекот Даинис Криштопанс, кој го свитка скочниот зглоб. За пет дена, „црвено-црните“ треба да играат со Кјелце во Лигата на шампионите, и ако Летонецот не биде во можност да настапи, тоа ќе биде огромен хендикеп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП