18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКинески Fosun го купи брендот на компанијата Thomas Cook

Кинески Fosun го купи брендот на компанијата Thomas Cook

Кинеската групација Fosun во петокот објави дека го купи брендот на туристичката компанија Thomas Cook за 13 милиони евра, повеќе од еден месец по објавувањето на стечај на таа британска компанија, за која пишуваа светските медиуми.

Fosun во соопштението објавено на берзата во Хонг Конг наведе дека Thomas Cook е еден од најпознатите туристички брендови во светот, кој работи 178 години, што го прави најстар во тој сектор.

Трансакцијата предвидува и купување на други права од интелектуална сопственост, како што се налозите од социјалните медиуми.

Кинеската групација планираше да купи мнозински удел во бизнисот на тур-операторот на Thomas Cook, но тој план за спасување не беше успешно завршен и со оглед на тоа што компанијата имаше долгови, на крајот банкротираше на 23 септември и беше ликвидирана еден ден подоцна.

Оттогаш, стечајниот управник во Велика Британија се обидува да го продаде имотот за да ги намири доверителите.

Поради стечајот на Thomas Cook, кој последниве години страдаше поради несигурноста во врска со Брегзит и промените во навиките на туристите, без работа останаа не само британските вработени, туку мораше да се организира несекојдневно враќање во татковината на 140.000 британски туристи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП