2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank прокнижи загуба од 832 милиони евра

Deutsche Bank прокнижи загуба од 832 милиони евра

Deutsche Bank објави дека во третиот квартал од 2019 година забележа нето загуба од 832 милиони евра, што, според CNBC, укажува на тоа дека големиот план за реструктуирање се уште врши притисок врз германскиот кредитор. Пазарните аналитичари предвидоа загуба од 778 милиони евра, според податоците на Refinitiv.

Банката во третиот квартал оствари вкупен нето приход од 5,3 милијарди евра во однос на 6,2 милијарди евра од претходната година.

Вкупните не-каматни трошоци изнесувале 5,8 милијарди евра, во споредба со 5,6 милијарди евра претходната година, а коефициентот на основниот капитал на банката Tier 1 во третиот квартал бил на ниво од 13,4 проценти, наспроти 14 проценти во истиот период во 2018 година.

„Нашите квартални резултати се целосно во согласност со нашите планови. Мислам дека напредуваме во согласност со стратешките реформи кои ги најавивме во текот на летото, изјави за CNBC Џејмс вон Молтке, главен финансиски директор на Deutsche Bank.

„Нашата нето загуба е малку подобра отколку што предвидовме со внатрешниот план, а нашиот стабилен коефициент на адекватност на капиталот од 13,4 проценти на квартално ниво ни покажува што достигнуваме“, додаде тој.

Проблематичниот германски кредитор се справува со проблемите од светската финансиска криза во 2008 година и последиците од последната должничка криза на еврозоната. Банката во последните неколку години се соочи со парични казни тешки милијарди долари, со зголемена пазарна конкуренција, намалување на пазарните удели во комерцијалното и инвестициско банкарство, како и серија промени во управувањето.

Deutsche Bank планира како дел од сеопфатниот план за реструктуирање до 2022 година да укине 18.000 работни места ширум светот. На крајот на третиот квартал од оваа година, имаше 89.958 вработени – што претставува пад од пет проценти во однос на претходната година.

Акциите на банката паднаа на утринското тргување на берза за 2,0 проценти, а во изминатите 12 месеци изгубија околу 16 проценти од вредноста, додава CNBC.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП