19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕУживајте во одморот во новиот ресорт Six Senses

Уживајте во одморот во новиот ресорт Six Senses

Six Senses Bhutan веќе отвори три ложи оваа година, во Паро, Тимбу и Пунака, а сега додава четврта…

Нивното најново издание, Six Senses Gangteys, се наоѓа на надморска височина од 3.000 метри и доаѓа со неверојатен, панорамски поглед на долината која се протега подолу.

Новата ложа се вика Traditional Bird Watching Bridge, и претставува градба со прозори од подот до таванот, со најдобар поглед кој можете да го очекувате. Дизајнерите својата инспирација ја добиле од локалната архитектура во Бутан и користеле традиционални градежни техники, со локален камен и рачно изработено дрво, поради што ложата се вклопува со природното опкружување.

Six Saints Gangtey има осум апартмани и панорамски балкони, со поглед на долината. Собите имаат дрвени подови и текстурирани sидови, додека се опремени со кожни фотелји и табуретки.

За дополнителна приватност и удобност, тие нудат и вила со две спални соби која има своја приватна бања, и која нуди сесии за дишење и медитација.

За оние кои претпочитаат поактивен одмор, има многу природни патеки за прошетка, како и возење велосипед, со неверојатни живописни потоци и полиња украсени со молитвени знамиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП