9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle: Растот на светската популација бара промени во исхраната

Nestle: Растот на светската популација бара промени во исхраната

Nestle смета дека растот на популацијата ќе бара прилагодување на човечката исхрана со намалување на потрошувачката на шекер, сол и месо.

Nestle, еден од најголемите светски преработувачи на храна, смета дека зголемувањето на светската популација ќе бара прилагодување на исхраната на човекот со намалување на потрошувачката на шекер, сол и производи од месо.

„Имаме 7,5 милијарди луѓе, а населението сè уште расте па треба да се јаде повеќе зеленчук, житарки, а помалку шекер и производи од месо“, изјави извршниот потпретседател и шеф на Nestle во Америка, Лорен Фриксе.

Ограничените природни ресурси и растечкиот јавен здравствен проблем со дебелината стојат зад промените кој Фриксе ги смета за потребни.

Исто така, ја истакна зголемената јавна свест за процесот на производство на храна, како и за прашањата како што се детски труд и уништување на шумите.

Свесност за суровини

Фриксе, исто така изјави дека во светот расте јавната свест за суровините кои се користат во производството на храна.

„Има многу поголема чувствителност за ова прашање насекаде, не само во Европа или САД. Во поврзан свет сме, луѓето имаат пристап до информации, потрошувачите сакаат да знаат од каде доаѓаат суровините“, изјави Фриксе.

Nestle е најголем светски купувач на кафе, шекер, какао и млеко. Од компанијата велат дека јасно им кажуваат на снабдувачите да не купуваат суровини кои се произведени во неодамна уништените шумски области или кај кои е пријавен детски труд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП