17 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕБожиќно дрво од 3,26 милиони евра

Божиќно дрво од 3,26 милиони евра

На купувачите кои за време на празниците сакаат некој навистина посебен божиќен подарок, златар од Токио им нуди златно божиќно дрвце украсено со ликовите од Дизни, како што се Мики Маус, Пепелашка и др.

Златното божиќно дрвце е изградено од 40 килограми чисто злато, високо е 2,4 метри со дијаметар од 1,2 метри.

Божиќниот накит го сочинуваат 50 популарни ликови од Дизни, кои исто така се направени од чисто злато, а цената е вистинска ситница- 350 милиони јени или 3,26 милиони евра.

Сите ликови од Дизни се изработени рачно. На нив работеле десет златари, цели два месеца.

Менаџерката на златарата Гинза Танака, во центарот на Токио, објаснува дека купувањето на нивниот производ е вистински погодок, бидејќи сегашната цена на златото изнесува нешто повеќе од 4,400 јени.

За купувачите кои не се подготвени да издвојат таква сума, златарата нуди поефтина верзија на божиќното дрвце, високо 25 сантиметри со 20 ликови од Дизни, за сума од 188,712 евра.

Големото божиќно дрвце сеуште чека купувач, а поскромната верзија е веќе продадена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП