22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ"Спојувањето со Fiat е во втор план"

“Спојувањето со Fiat е во втор план”

Претседателот на Renault, Жан Доминик Сенар, изјави дека обидот за заживување на преговорите за спојување на компанијата со Fiat е во втор план.

Според неговите зборови, приоритет им се индустриските проекти на кои треба да работи со Nissan.

„Денес, тоа прашање не е на маса“, изјави Сенар во врска со потенцијалното продолжување на преговорите за спојување со Fiat, објави агенцијата Reuters.

Наведе и дека намалувањето на уделот на Renault во Nissan, кој моментално изнесува 43,3 проценти, не е на врвот на неговите приоритети.

„Ништо никогаш не може да се отфрли, но тоа не е нешто на што сме фокусирани“, изјави тој.

Сенар, изрази решеност следната година да го поддржи сојузот со јапонскиот Nissan.

„Мојата опсесија е алијансата да оживее во 2020 година“, изјави Сенар за радиото France Inter, и додавајќи дека потенцијалното фијаско го смета за личен и тимски неуспех.

Партнерството Renault-Nissan го потресе апсењето на поранешниот шеф на тој сојуз Карлос Госн во Токио пред скоро една година, кој е обвинет за финансиски малверзации.

Оттогаш, двете компании работат на санирање на односите и повторно да се фокусираат на заедничките напори за намалување на трошоците и инвестирањето во нови технологии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП