3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузен апартман One at One во Њујорк

Луксузен апартман One at One во Њујорк

apa1

Сместен на врвот на една зграда во Њујорк, овој прекрасен апартман е навистина домот од соништата…

Сега е на продажба по цена од 5,95 милиони долари и овој апартман има гостопримлив дизајн на ентериерот. Познат е под името „Penthouse One at One Avenue B“ и оваа градска префинета резиденција е дом со две спални соби, три лускузно опремени бањи и секако, приватен паркинг. До апартманот се доаѓа со лифт кој се активира со клуч и се отвора на приватниот кат, а гостите кои доаѓаат се привилегирани со можноста да уживаат во уникатниот, простран и елегантен дом. Гланиот животен простор има прозорци од подот до плафонот со електрични сенки кои го преплавуваат просторот со природна светлина, за да се создаде саканата атмосфера.

Постојат многу детали кои ја прават кујната срце на домот: елегантната „Poggen Pohl“ кујна има огромен „SubZero“ фрижидер, две ѕидни „Dacor“ рерни со фиоки за греење, „Capital 6“ шпорет со аспиратор, „SubZero“ вински фрижидер и ледомат, вградена „Miele“ еспресо машина, „Miele“ машина за перење садови и голем мермерен кујнски „остров“ веднаш покрај трпезарискиот простор.

Балконот кој го опкружува апартманот ја продолжува дневната соба за додатни 240 метри квадратни. Идните сопственици и нивните гости можат да уживаат во вграденото џакузи, скарата и спектакуларниот поглед на небото и дење и ноќе. Додадете ја и совршено уредената градина, и ете, така настанува домот од соништата.

apa2

apa3

apa4

apa5

apa6

apa7

apa8

apa9

apa10

apa11

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП