29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да ја зачувате свежината и вкусот на ѓумбирот

Како да ја зачувате свежината и вкусот на ѓумбирот

Без разлика дали сакате да направите домашен сок, лек против болка во грлото или вкусен додаток за ручек, ѓумбирот е намирница која можете да ја користите за се…

Меѓутоа, се поставува прашањето, како да го чуваме за што подолго да ја задржи свежината и вкусот по кој е познат? Првото нешто на кое треба да обрнете внимание пред да го купите е дали ѓумбирот изгледа добро, односно дали има мазна кора која не е смачкана и цврстината. Ако го чувате во фрижидер, тогаш немојте да го лупите и ставете го целото парче во кеса која се затвара, а ако пак сепак сте започнале обложете го со хартиени крпи или со било која хартија па ставете го во кеса.

Свежиот корен од ѓумбир можете да го чувате и во замрзнувач, но во посебна кутија или кеса за замрзнување која ќе спречи мразот да не се фаќа директно за намирниците. Кога сакате да го користите, едноставно извадете го, изрендете го и вратете го во кеса/кутија во замрзнувач. Замрзнат ѓумбир е многу полесен за сечење и рендање, отколку свеж, па не е потребно претходно да го чувате надвор за да се стопи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП