27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАDell размислува за влегување во пазарот на паметни уреди

Dell размислува за влегување во пазарот на паметни уреди

Dell_Headquarters_Wide

Американскиот производител на компјутери „Dell“ размислува да се вклучи на пазарот на т.н.  „wearable“ уреди како што се паметните рачни часовници, очилата со додадена реалност и друго. Компанијата ја разгледува оваа опција како дел од својот иден бизнис поради намалувањето на „PC“ сегментот.

Сам Бирд, кој е потпретседател на „Dell“ изјави дека тие всушност разгледуваат идеи во оваа сфера. Тој сепак не открива какви би биле првите уреди кои компанијата би можела да ги понуди, ниту евентуални рокови за нивно излегување на пазарот.

„ Она што е интересно е дека компјутерите стануваат се помали. Да имаш паметен часовник на зглобот, тоа е многу интересно и привлечно”, коментира Бирд.

Тој предвидува дека во следните пет години типовите на уредите ќе продолжат да се менуваат. Потребата од „статични компјутери“ ќе продолжи да постои, но ќе се отстапува големо внимание на мобилните уреди.

Бирд очекува дека бројот на уреди кои еден човек ги има, ќе се зголеми значително. Повеќето луѓе ќе имаат лаптоп, таблет, паметен телефон, паметен часовник и друг вид интересен уред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП