24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнглија и даде шест гола на Бугарија која се соочува со казна...

Англија и даде шест гола на Бугарија која се соочува со казна од УЕФА поради расистички навреди

Во квалификациски натпревар за ЕУРО 2020, репрезентацијата на Англија синоќа во Софија ја совлада Англија со 6:0. Натпреварот беше два пати прекинуван поради расистички навреди упатени од домашните навивачи кон Тајрон Мингс и Маркус Рашфорд.

Ниту апелот на капитенот на бугарската репрезентацијата, Ивелин Попов, не придонесе целосно да прекинат непримерните повици од трибините.

Поради инцидентите, Бугарите сигурно ќе добијат жестока казна од Европската фудбалска федерација.

Инаку, головите ги постигнаа, Рахим Стерлинг и Рос Баркли по два, Рашфорд и Хари Кејн по еден.

Англичаните со 15 бода водат во А-групата, додека Бугарија е петта со три бода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП