Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,034.23 -0.2%    GRNT 1,010.85 0.08%    KMB 5,990.32 0.39%    MTUR 5,376.92 0.5%    PPIV 39,100.00 0.26%    RMDEN18 98.70 0%    STB 1,160.00 0%    TETE 2,350.00 2.17%    TNB 16,400.00 0.03%    TTK 1,503.00 2.95%    

Важноста на раната детекција на ракот на дојка

Време: 08:49

Датум: октомври 14, 2019

Категорија: ЗДРАВЈЕ

Томас Фулер, британскиот историчар и свештеник, многу одамна ја има кажано една од денеска најчесто употребуваните изреки „Подобро да се спречи, отколку да се лечи“. Сепак, се чини дека повеќето од нас воопшто не ја следат оваа мудра и корисна поука која се однесува за грижата за сопственото здравје. Податоците говорат дека околу 10% од вкупната женска популација во некоја етапа од нивниот живот се борат против ракот на дојка, што го прави овој тип на рак најчест кај жените низ светот. Статистиката  на Институтот за јавно здравје вели дека годишно од рак на дојка во Македонија умираат 279 жени, или 27 на 100.000. Најголем број од смртните случаи се на возраст од 55 до 59 години, а најголеми шанси за успешна борба против ракот на дојка, како и на сите останати видови карциноми, нуди раната превенција. Превенцијата кај жените вклучува самопреглед на дојките, како и редовни мамографски и ехо прегледи со цел болеста да се открие во претклинички стадиум.

За ова, многу често се дискутира во јавноста, но се чини дека сѐ уште голем број од  жените некако потсвесно ја потиснуваат темата и избегнуваат да прават редовни прегледи. Факт е дека денес современата технологија и интернетот на луѓето им ги ставаат на дланка неопходните информации за различни болести, меѓу кои и за ракот на дојка, сепак тоа не може да влијае на намалување на бројката на заболени во државата, но и во светот. Оттука, со цел да ги зголеми свесноста и неопходноста од редовна себегрижа, компанијата Македонски Телеком, како технолошки партнер на кампањата #ПаузаЗаПреглед креираше информативно-едукативен микросајт на кој се наоѓаат инструкции за правење самопреглед, како и информации и едукативна содржина за ракот на дојка. Пристапот до овој микросајт единствено е овозможен преку мобилен телефон, а корисниците на Македонски Телеком го имаат директниот линк со пристап до www.pauzazapregled.mk преку SMS со пораката „Денес допрете го телефонот за добро“.

Вклучувањето на Телеком во кампањата со оваа иницијатива е уште една потврда дека  современата технологија покрај бројните комуникациски придобивки може да се искористи и за општо добро, во случајот за рана детекција на болеста. Самопрегледот е едноставен и се состои од само три чекори. Толку брзо, а исклучително важно за здравјето на секоја жена.

Проектот е уникатен и навистина корисен, бидејќи во случајов технологијата се става во функција за добри цели. Сепак, не треба да заборавиме дека освен самопрегледот, редовните лекарски контроли се најефикасни за раното откривање и дијагностицирање на ракот на дојка. Се препорачува да се прави самопреглед на дојките еднаш месечно, почнувајќи од 20-годишна возраст. Што се однесува до првата мамографија, препораките од лекарите е таа да се направи околу 40-тата година. Жените на возраст меѓу 40 и 50 години треба да прават мамографија на секои 2 години, а  после 50-тата година еднаш годишно.

Никогаш не е погрешно време за промени – ниту премногу рано, ниту премногу доцна, без разлика дали имате 15, 25 или 55 години. Промената на животните навики може да има многу важна улога за одржување на здравјето. Редовните прегледи се само почеток на грижата за вашето здравје, а раната детекција на болести како ракот на дојка е од круцијално значење за нејзина превенција, како и за квалитетот на животот.

Октомври е посветен на борбата против ракот на дојка, па така  и информативно-едукативниот микросајт www.pauzazapregled.mk ќе биде активен во текот на целиот месец. Кампањата #ПаузаЗаПреглед иницирана од AVON и технолошки поддржана од Македонски Телеком повикува на активна едукација за ракот на дојка и за важностите на рана детекција и превенција на оваа болест. Со приклучување кон оваа кампања, се приклучувате во борбата што секојдневно ја водат милиони жени во светот. Затоа, уште денеска, одвојте време за себе, направете пауза за преглед и искористете ја технологијата за ваше добро!

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Чудесен чај од рузмарин: Неговите лековити својства се надалеку познати, еве за што сè се користи

    Чудесен чај од рузмарин: Неговите лековити својства се надалеку познати, еве за што сè се користи

    Рузмаринот има своја традиционална вредност на нашите простори, покрај тоа, неговите лековити својства се неприкосновени. Дали знаевте дека оваа билка се користи за подобра меморија,…

  • Природен лек против стрес: Оваа здрава намирница има корисен ефект врз нервниот систем

    Природен лек против стрес: Оваа здрава намирница има корисен ефект врз нервниот систем

    Ако мислевте дека една ракија или пиво го намалува стресот, сте се измамиле. Чаша млеко е одличен лек против стрес и го смирува нервниот систем,…

  • На жените им е потребно многу повеќе сон отколку на мажите

    На жените им е потребно многу повеќе сон отколку на мажите

    На жените им е потребен сон повеќе од мажите, открија американски научници. Студијата покажа дека на жените им треба повеќе сон за да функционираат нормално…

  • Зошто е исклучително важен витаминот Д?

    Зошто е исклучително важен витаминот Д?

    Исхраната во која не се застапени намирници богати со витамин Д може да доведе до оштетување на мозокот, покажуваат резултатите од студијата направена на Универзитетот…

  • Ова омилено благо го намалува ризикот од мозочен удар!

    Ова омилено благо го намалува ризикот од мозочен удар!

    Ако избереме чоколадо со висок процент на какао и ако ова благо редовно го јадеме и во умерени количини, би можело да ни помогне да…

  • Карфиолот го забрзува метаболизмот

    Карфиолот го забрзува метаболизмот

    Ако се обидувате да се ослободите од вишокот килограми, време е да го наполните вашиот фрижидерот со карфиол. Овој нискокалоричен зеленчук не е богат со…

  • Истакнете ја Вашата внатрешна убавина и справете се со целулитот

    Истакнете ја Вашата внатрешна убавина и справете се со целулитот

    Надворешниот изглед го рефлектира вашето здравје и виталност. Со процесот на стареење, настануваат промени на кожата. Поради тоа, голем дел од женската  популација инвестира во…

  • Излечете ја главоболката само со еден лист кисела зелка

    Излечете ја главоболката само со еден лист кисела зелка

    Лековитоста на киселата зелка ја надминува лековитоста на многу познати билки. Сто грама кисела зелка содржи дури 20 мг витамин Ц. Потоа витамин А, фолна…

  • Свежо меленото кафе е повторно кул

    Свежо меленото кафе е повторно кул

    Луѓето се заљубија во алтернативното „црно злато“ уште кога Етиопјаните го користеа како дел од традиционалните обреди, стотици години пред трговците да почнат да го…

  • Знаете ли зошто ви се случува некој мирис да мириса поинаку од првиот пат кога сте го почувствувале?

    Знаете ли зошто ви се случува некој мирис да мириса поинаку од првиот пат кога сте го почувствувале?

    Во носот во просек има околу 400 рецептори, и тие од една до друга личност се разликуваат за скоро 30 проценти, тврдат научниците од американскиот…