26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ"Project Gem" - сосема поинаков нов Essential phone

“Project Gem” – сосема поинаков нов Essential phone

Со текот на годините видовме многу различни облици и големини на телефони, но новиот модел на компанија кој стои зад телефонот Essential е нешто сосема поинакво.

Во прашање е тесен и многу долг уред. Еден од креаторите на Android и извршен директор на компанијата Essential, Енди Рубин vo неколку Twitter објави го претстави прототипот во развој под името “Project Gem”. Нивната визија е дека во светот на уреди кои се со се поголеми екрани, потребен е различен начин на размислување за да не сме толку зависни од своите уреди а повторно да ги имаме кога ќе биде потребно. Со овие уреди, според визијата на Енди Рубин, главно ќе управуваме со говорни команди.

Тој, исто така прикажа, покрај предниот дел на телефонот, и голем број на бои, што ако излезе ќе биде можно да се купи овој уред. Овој телефон сепак е во раните фази на тестирање, а од компанијата Essential објавија на интернет неколку фотографии за да го потсетат пазарот дека постојат и други перспективи кога се во прашање паметните телефони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП