29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа светот му се потребни 600 милиони работници

На светот му се потребни 600 милиони работници

workers

Светската банка оценила дека е потребно да се создадат 600 милиони работни места во светот до 2020 година, со цел да се задржи чекорот во порастот на населението.

Како што се наведува во соопштението, решението на овој проблем е во приватниот сектор кој предвидува девет од десет работни места.

Во светот има околу 200 милиони невработени.

Студијата покажа дека работоспособното население се зголемува за 45 милиони секоја година, но повеќе од една третина од работодавците ширум светот не успеаа да пронајдат вработени со вештини какви што нив им биле потребни.

Во развиените земји создавањето на нови работни места, може да се забрза кога на креаторите на политиката ќе им стане приоритет отстранувањето на пречките за развој на приватниот сектор, оцени анализата на ИФЦ  во приватниот сектор за придонес за создавање на нови работни места.

Главниот извршен директор на ИФЦ, Џин Јон Канг, изјави дека кризата на незапосленост е во глобални размери и дека најмногу ги погодува сиромашните земји.

– Како најголема меѓународна развојна институција која се занимава со развој на приватниот сектор, мислиме дека отварањето на нови работни места е најсигурниот пат за излез од сиромаштијата, изјави Канг.

Анализата на ИФЦ покажа дека неповолната инвестициона клима и неадекватната инфраструктуа, претставуваат ограничен пристап до изворите од финансирањата за микро, мали и средни претпријатија, и недостатокот на обука и вештини од најголемите предизвици за создавање на работни места во приватниот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП