19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕОгромен грбав кит доплива во Лондон (видео)

Огромен грбав кит доплива во Лондон (видео)

Грбав кит долг најмалку пет метри е забележан во реката Темза источно од Лондон скоро една година откако китот белуга за прв пат е виден во британскиот главен град. 

„Сигурни сме 99,99 проценти дека станува збор за грбав кит, повеќе пати е забележан“, изјави портпаролот на пристаништето во Лондон, кој ја надгледува реката.

Кит белуга наречен „Белуга Бени“ помина три месеци во реката Темза минатата година.

„Ова не е Бени, а ниту ни кит белуга“, додаде портпаролот.

Грбавите китови, некогаш ценет плен меѓу ловците заради својата маст, можат да тежат и до 40 тони и да пораснат до 18 метри.

Грбавите китови мигрираат десетици илјади километри годишно помеѓу богатите прехранбени подрачја во Арктикот и тропските води каде што се парат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП