2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДодека лежите можете да изгубите калории исто како со половина час прошетка!...

Додека лежите можете да изгубите калории исто како со половина час прошетка! Откријте и како!

Идејата за удобно лежење и губење на килограмите во исто време, звучи одлично, а науката тврди дека тоа е и навистина можно.

Имено, едно истражување открило дека лежењето во када, во топла бања може да согори значителен број калории, но и да помогне во регулирање на шекерот во крвта, што е исклучително погодно за луѓе кои страдаат од дијабетес тип 2.

Истражувањето кое го спровел физиолог од универзитетот во Лондон, покажало дека мажите кои минувале еден час во вода чија температура изнесува 40°C, согореле околу 140 калории.

Клучот за постигнување на ефектот е вистинското време и температура. Идеално, би требало во вода да поминете еден час, додека температурата на водата би требало да биде константна и да изнесува 40°С. Пониска температура од ова нема да даде резултати.

Сепак, овој експеримент е спроведен само на мажи, така да не е познато како жените би реагирале и колку калории тие би согориле.

Научниците веруваат дека оваа техника делува затоа што организмот произведува таканаречени „протеини на топлотен удар“ кога телесната температура се зголемува, што се случува кога вежбаме. Пасивното загревање го има истиот ефект.

Овие протеини се ослободуваат како одговор на стрес, па затоа придонесуваат за регулирање на нивото на шекер во крвта и затоа може да се постигне губење на килограмите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП