29 март, 2024

Chrysler 300S Turbine Edition

cr1

„Chrysler“ подготви ново, специјалнo издание на моделот „300S“, кој е дизајниран во чест на 50-годишнината на легендарниот „1963 Turbine“ концепт.

Поставен е заедно со „2013 Chrysler 300 Motown“ моделот во Детроит, и претставува еден вид на почит кон оргиналниот „Turbine“ модел, со „Turbine Bronze“ мат боја и сјај на црниот покрив.

Променета е предната маска, како и фаровите, кои добија црн финиш, а истото е направено и со задните светла. Стилизираните 22-инчни тркала и црните рамки на прозорците се само некои од промените кои се направени на овој модел.

Според најавите од „Chrysler“, „300S Turbine Edition“ е направен само во еден примерок, барем засега.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП