12 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАNokia претстави телефони вредни 68 долари

Nokia претстави телефони вредни 68 долари

nokia

Паметните телефони го сочинуваат најголемиот дел од пазарот на мобилни телефони, но сепак и понатаму постои пристоен број на стандардни телефони чии корисници ги преферираат основните функции.

Поради тоа од „Nokia“ се одлучија на нив да им излезе во пресрет и за таа цел претставија два 3G телефони – 207 и 208, кои се специјално дизајнирани на корисниците да им овозможат брз интернет.

Уредите се достапни во црвена, сина, жолта, бела и црна боја, поседуваат традиционална тастатура, имаат интернет конекција и апликации на „Twitter“, „Facebook“ и „WhatsApp“.

„ Моделите 207 и 208 дизајнирани се за луѓе што сакаат класични телефони и традиционална тастатура, но несакаат да бидат лишени од придобивките на паметните телефони“, изјави Тимо Тоиканен извршниот потпретседател на дивизијата за мобилни телефони во „Nokiа“.

Главната разлика меѓу двата модели е камерата со напредни функции на моделот 208 кој исто така ја поседува и опцијата „dual sim“. 207 нема камера и поседува место само за една картичка.

Цената на двата телефони е 68 долари.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП