8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоднесени обвиненија против претседателот и два директори на Volkswagen

Поднесени обвиненија против претседателот и два директори на Volkswagen

Германското обвинителство поднесе кривични тужби против директорот на Volkswagen, Херберт Дис, поранешниот директор Мартин Винтеркорн и претседателот Ханс Дитер Пех поради манипулација со акции на берзата.

Обвиненијата се поднесени во врска со скандалот со измамата на тестовите за емисија на моторни гасови.

Тие се обвинети дека намерно не успеале навремено да ги известат инвеститорите за финансиските последици од скандалот, соопшти обвинителството во Брауншвајг.

Volkswagen плати милијарди долари оштета и казни откако во 2015 година призна дека во милиони свои автомобили со дизел мотори ширум светот вградил нелегален софтвер кој ги прикрива реалните емисии на гасови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП