4 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузната јахта „Streets of Monaco“

Луксузната јахта „Streets of Monaco“

mo111

Јахтата „Streets of Monaco“ (Улиците на Монако) е концепт дизајниран од група страсно креативни дизајнери кои сакаат на ентузијастите за луксуз да им понудат нешто сосема ново. Оваа исклучителна јахта е долга 155 метри, а на неa ќе можат да се сместат 16 гости и 70 членови од екипажот.

Нејзината структура е поддржана со челик и алуминиум на целиот горен дел, а е придвижувана од дизел мотор.

Јахтата ќе има три главни области, „Оазата“, „Улиците на Монако“ и „Главниот атриум“.

„Улиците на Монако“ ќе биде целосно функционален дел од јахтата, направен според патеката за Формула 1 во Монако и таа ќе биде во преден план.

„Оазата“ ќе претставува луксузен дел за релаксација, инспириран од градините пред казиното Монако.

„Главниот атриум“ ќе се наоѓа на централната палуба и ќе ги поврзува собите на горниот и долниот дел од јахтата. Целата јахта ќе содржи компоненти за целосен комфор на гостите и за исполнување на нивните соништа.

mo13

mo12

mo11

mo112

mo113

mo14

mo15

mo16

mo17

mo18

mo114

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП