27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАТреба ли батеријата да се полни до крај?

Треба ли батеријата да се полни до крај?

baterija

За да ја сочувате батеријата на вашиот мобилен телефон немојте да ја полните до крај, затоа што експертите тврдат дека така ќе трае подолго.

Голем број луѓе секој ден ги полнат батериите на своите телефони. Други инсистираат на тоа батеријата во целост да се испразни и тогаш да ја наполнат. Во секој случај луѓето ќе сторат се само да го продолжат векот на траење на батеријата на телефонот.

Технолошкиот експерт Ерик Лимер тврди дека целосното полнење на батеријата не е добро за неа и дека најдобро е да се исклучи телефонот од полначот пред батеријата целосно да се наполни.

„Потполното празнење на батеријата, па полнење нема многу да помогне. Колку почесто тоа го правите само ќе го оштетите вашиот телефон. Целосното празнење е најдобро да се прави еднаш месечно“, вели Лимер.

Корисниците би требало да ја држат батеријата наполнета до 50 проценти, а тој предупредува дека оставањето на телефонот приклучен на полначот откако батеријата е наполнета, само го намалува нејзниот век на траење.

„Идеално е батеријата да е наполнета меѓу 40 и 80 проценти“, препорачува Лимер.

Лимер го скрши и митот за држење на нов телефон на полнач 72 часа пред неговото користење, се со цел батеријата да го „запамти“ нивото до кое треба да се полни.

„Ваквиот метод е за батериите кои се на база на никел, но не и за литиум-јонските батерии кои се во новите телефони. Тие бараат друг начин на третман, треба да се полнат секогаш кога ќе имате можност за тоа“, вели Лимер.

Батеријата можете да ја сочувате и доколку го одржувате вашиот телефон да биде ладен. Препорачана температура за поголемиот број на батерии е 15 степени, а додека максималната температура варира меѓу 40 и 50 степени.

Лимер објаснува дека просечната температура од 25 степени прави литијум-јонската батерија да загуби 20 проценти од својот максимален капацитет секоја година. На 40 степени загубата се зголемува на 35 проценти.

Бежичните полначи кои работат на принцип на индукција не се препорачуваат, бидејќи тие го загреваат телефонот и батеријата и со тоа го намалуваат векот на траење.

Траењето на батериите може да се продолжи со намалувањето на осветлувањето на екранот на телефонот и гасењето на сите непотребни апликации и услуги. Исто така батеријата се троши и на места со слаб сигнал, па поради тоа е подобро да се изгаси телефонот се со цел беспотребно да бара сигнал и да ја троши батеријата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП