Дали некогаш сте се запрашале зошто дијамантите не се на списокот на Светски чуда?
Ако ние се прашуваме, тие веднаш би се нашле на него, затоа што се волшебни и неверојатни, необични и магични, исто како и овој кој има живописно пурпурно-розова боја, а тежи 10.64 карати. Sotheby’s Hong Kong Magnificent Jewels & Jadeite продажбата, која ќе се одржи на 7 октомври се времето и местото кога овој скапоцен камен ќе го најде својот сопственик, кого ќе го плени со сета своја убавина и величественост. Овој беспрекорен дијамант е многу редок, не само поради неговата боја, туку и поради неговите димензии и квалитет.
Дали знаевте дека само еден процент од сите розови дијаманти проценети од геолошкиот институт се поголеми од 10 карати? Бојата на дијамантот, која веќе ја споменавме, навистина е живописна и му дава особеност и реткост, затоа што засега во светот има помалку од четири проценти вакви скапоцени камења.
Аукциската куќа исто така објави и важни информации кои се однесуваат на цената на убавиот дијамант, бидејќи се верува дека тој достигнува цифра помеѓу 19,1 и 25,5 милиони долари.
Се прашуваме кое парче накит ќе го краси…