26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВрати се во игра на 30 септември со Бизнис 3х3 Баскет во...

Врати се во игра на 30 септември со Бизнис 3х3 Баскет во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

Десетици екипи се веќе пријавени на претстојниот Бизнис 3х3 Баскет. Тие ќе излезат на паркетот на 30 септември и ќе се натпреваруваат за престижни награди. Покрај наградите самиот турнир претставува одлична можност за развој на тимот и враќање на спортските навики.

Во цел свет и во Македонија вработените во канцелари и на други работни позиции сѐ почесто се организираат и спортуваат. За жал зимските денови најчесто ги ограничуваат тие активности поради лошото време. Затоа Бизнис 3х3 Баскет кој ќе се одржи во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје е совршена можност за сите кои се подготвени да се вратат во игра. Самиот турнир е од рекреативно натпреварувачки карактер и ќе има хуманитарен аспект за сите кои се вклучени и публиката.

Организаторите на Бизнис 3х3 Баскет информираат дека по барање на голем дел од тимовите и играчите, поради топлото време, продолжените летни одмори, самата лига ќе започне 15 дена покасно од предвиденото, т.е. на 30 септември 2019.

Бренд амбасадор на Бизнис 3х3 Баскет е познатиот македонски музичар Тони Зен кој ќе настапи со сопствен тим и кој упатува предизвик до сите учесници:

https://www.youtube.com/watch?v=-A2_LWGKVBQ&fbclid=IwAR1zWaHpovPDXFoA3nNEerJdRob25kTNyo_mEA-galq5tXRnipInCV9T6TE

Бизнис 3х3 Баскет ќе заврши во мај 2020 година и самите награди совршено ќе се вклопат за летото 2020:

– 1. место – 6 ноќевања во Грција, награди од спонзорите и учество без котизација во наредната година.

– 2. место – 4 ноќевања во Грција, награди од спонзорите и 50% попуст на котизацијата за учество следната година.

– 3. место – 2 ноќевања во Грција, награди од спонзорите и 30% попуст на котизацијата за учество следната година.

Повеќе информации за Спортплан и Бизнис 3×3 Баскет  може да се најдат на: https://sportplan.mk/ и https://www.facebook.com/sportplan.mk/

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП