26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто холинот е неопходен за организмот?

Зошто холинот е неопходен за организмот?

Холин е есенцијална хранлива материја која поради сличните карактеристики често се вбројува во витамините Б-комплекс. Неопходен е за нормален развој на мозокот, подвижност на мускулите, а влијае и на работата на црниот дроб.

Бидејќи е потребен за создавање ацетилхолин, невротрансмитер кој учествува во регулирање на меморијата и расположението, холинот е од големо значење за нервниот систем. Во едно истражување се покажало дека дополнителното земање 1000 мг холин дневно во текот на 3 месеци ја подобрило краткорочната и долгорочната вербална меморија кај возрасни (на возраст од 50 до 85 години) кои имале проблеми со памтењето.

Холинот е важен и за здравјето на срцето бидејќи поголемиот внес на намирници богати со холин се поврзува со намален ризик од срцеви заболувања.

Во најдобрите извори на холин спаѓаат јајца, пилешко, мисирка, говедско месо, туна, лосос, бакалар, домат, карфиол и блитва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП