Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 10,689.14 -2.96%    BGOR 196.00 -2.97%    DLIN 35,143.00 0%    FERS 73,235.00 -3%    GRNT 1,029.70 1.77%    KMB 5,497.72 -1.15%    KVAS 14,400.00 0%    MPT 72,169.12 -2.46%    MTUR 5,300.00 0%    OHB 6,150.00 0%    REPL 77,500.00 2.65%    RMDEN18 98.70 0%    RZUS 83.00 0%    STB 1,152.61 -0.64%    STIL 99.00 -2.09%    TETE 2,341.25 -0.41%    TTK 1,380.00 1.6%    UNI 2,151.02 -1.74%    

Бимилк им посака среќен и успешен почеток на учебната година на децата во социјален ризик

Време: 13:39

Датум: септември 13, 2019

Категорија: КОМПАНИИ

„Моја Кравица“ повторно ги изненадува учениците

Традицијата на подарување мали изненадувања со кои на учениците ќе им се посака успешен почеток на учебната година, Бимилк ја продолжи и оваа година, но овој пат беа опфатени деца што доаѓаат од семејства во социјален ризик и деца што ја загубиле родителската грижа или се изложени на ризик да ја загубат родителската грижа.

Како и минатите години, Бимилк ги изненади децата со омиленото чоколадно млеко „Моја Кравица“ за „сладок“ почеток на училишната година, но овој пат и со училишни ранци како симболична солидарна помош, а во акцијата оваа година не беа вклучени само првачиња, туку и повеќе од 500 ученици од основно училиште, кои се од социјално ранливите категории.

„Како компанија, континуирано им помагаме и им даваме поддршка на граѓанските хуманитарни организации во земјава, па така, со оваа наша акција одлучивме традицијата за сладок почеток на училишната година да ја продолжиме и со учениците што доаѓаат од семејства во социјален ризик. Истовремено, сакаме да ги охрабриме да продолжат храбро и решително по патот на својата образовна надградба. Се надеваме дека со ова мало внимание ќе успееме да ги разубавиме нивните училишни денови. Дополнително, сакаме да им дадеме поддршка на пожртвуваните едукатори и згрижувачи во организациите, кои им помагаат на овие деца да се справат со секојдневните предизвици“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

Во оваа акција беа вклучени децата згрижени од повеќе граѓански организации, односно Дневниот центар за деца на улица „Шуто Оризари“, СОС Детско село, Центарот за интеграција „Амбрела“, Центарот за образовна поддршка „Дендо вас“, Центарот за социјална интеграција „Надеж“ и Здружението за развој на ромската заедница во Република Македонија „СУМНАЛ“.

„Со оваа донација, Бимилк ги израдува децата и им прати една убава порака и мотив да продолжат со своето образование. Се надеваме дека со ова ќе ги мотивираат и другите компании да покажат општествена одговорност кон едукативните центри каков што е нашиот, кои им помагаат на децата да останат во образовниот процес. Нашата желба е бизнис-секторот да ја увиди важноста за обезбедување еднаков пристап до образование и заедно со едукативните центри да им овозможи директна помош на децата што имаат потреба од тоа“, изјави Катерина Смилева, координатор за односи со јавноста на Ц.С.И. „Надеж“.

Инаку, оваа акција за сладок почеток на учебната година со „Моја Кравица“ е започната во 2017 година кога компанијата посетуваше повеќе основни училишта низ земјата, а од Бимилк велат дека „слатката“ традиција за првачињата, и за учениците воопшто, ќе продолжи и понатаму.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Компанијата Tesla доби лиценца за започнување на производство во Кина

    Компанијата Tesla доби лиценца за започнување на производство во Кина

    Американската компанија Tesla доби дозвола за започнување на производство во Кина, откако Министерството за индустрија и информатичка технологија на земјата ја додаде на списокот на одобрени производители.…

  • Извршниот директор на Microsoft на милионска плата доби покачување од 66 проценти

    Извршниот директор на Microsoft на милионска плата доби покачување од 66 проценти

    Сатја Надела, извршен директор на Microsoft, доби покачување од 66 проценти во изминатата фискална година. Во најновиот финансиски извештај на Microsoft се вели дека Надела добил…

  • А1 Македонија го реализираше првиот повик на 5G технологија

    А1 Македонија го реализираше првиот повик на 5G технологија

    A1 Македонија, како компанија што постојано ги имплементира најсовремените технологии што обезбедуваат највисоко ниво на квалитетот на услугата за своите корисници, со гордост објавува дека…

  • Пиварци и пријателите исчистија неколку километри од кејот на Вардар

    Пиварци и пријателите исчистија неколку километри од кејот на Вардар

    Во најновата еко-акција, што се спроведе во рамки на повеќегодишната платформа „Рециклирате ли!?“, волонтерите на Пивара Скопје исчистија неколку километри од кејот на реката Вардар…

  • A1 за припејд сегментот во мобилната телефонија: 10GB за опуштено сурфање

    A1 за припејд сегментот во мобилната телефонија: 10GB за опуштено сурфање

    А1 Македонија го збогатува своето припејд портфолио во мобилната телефонија и објавува нова, атрактивна понуда со која од денеска, припејд корисници кои ќе активираат нова,…

  • Facebook ќе ја лансира Libra so 21 партнери

    Facebook ќе ја лансира Libra so 21 партнери

    По неодамнешното напуштање на Facebook на некои од неговите најважни партнери, Здружението Libra денес претстави 21 партнер кои се обврзаа да учествуваат во проектот. Имајќи го…

  • Huawei: Расте продажбата и профитот и покрај санкциите на САД

    Huawei: Расте продажбата и профитот и покрај санкциите на САД

    Кинеската технолошка компанија Huawei објави дека за девет месеци од 2019 година, остварила раст на продажбата на паметни телефони и технологија за 24,4 проценти и…

  • Македонска компанија за здрава храна Виталиа, започна соработка со светскиот бренд на кафе – Старбакс

    Македонска компанија за здрава храна Виталиа, започна соработка со светскиот бренд на кафе – Старбакс

    Најпознатата македонска компанија за здрава храна, Виталиа, започна соработка со светскиот бренд на кафе – Старбакс. Посетителите на Старбакс Белград, освен што можат да ги…

  • Дигитализацијата на вашиот бизнис е вистинско „оружје“ во борбата против конкуренцијата

    Дигитализацијата на вашиот бизнис е вистинско „оружје“ во борбата против конкуренцијата

    Развојот на технологијата ги смени нашето секојдневие и начинот на живот, но и начинот на водење бизнис. Се менуваат деловните процеси, структурата и на човечките…

  • Deutsche Bank призна дека во 2002 година ги поткупувала кинеските власти

    Deutsche Bank призна дека во 2002 година ги поткупувала кинеските власти

    Deutsche Bank давала скапи подароци на кинеските власти кога се обидуваше да се наметне како главен играч во финансиската индустрија во Кина, пренесуваат медиумите. Германски…