25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКаков доручек е најдобар за слабеење?

Каков доручек е најдобар за слабеење?

За наутро да му обезбедиме на организмот доволно енергија, важно е да јадеме соодветен доручек. Ако сакате да ослабете, обврнете внимание на тоа дали за доручек јадете намирници богати со влакна. Истражувањата покажаа дека исхраната богата со влакна им помага на луѓето да изгубат вишок килограми и ги олеснува симптомите на метаболички синдром.

Доручек богат со протеини, исто така го потикнува слабеењето – протеините го продолжуваат чувството на ситост и го намалуваат ризикот од прејадување во текот на денот. Истражувањата покажаа и дека поголемиот внес на протеини доведува и до поголема дневна калориска потрошувачка.

Избегнувајте намирници богати со шекери кои не даваат многу хранливи материи. Намалете го и внесот на засладени пијалоци, а наместо да купувате готови овошни сокови претпочитајте да го јадете целото овошје. Обидете се да јадете помалку пекарски производи – дајте предност на каша од интегрални житарки или домашен интегрален леб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП