19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА250 работни места во новиот рудник за манган „Стогово“

250 работни места во новиот рудник за манган „Стогово“

rudnik

Наскоро започнува отварање на рудникот за манган, со што се очекува делумно да се намали невработеноста во кичевскот регион кој ќе овозможи 250 работни места.

Предусловите потребни  за почеток на работата во рудникот се веќе исполнети. Во текот на февуари, во исчекување е да се изврши само уплата на понудените 780.000 евра, од страна на најдобриот понудувач на тендерот, акционерското друштво Тајмиште, како и да се потпише договорот за концесија кој ќе биде со рок на траење од 30 години.

Покрај засилените подготовки околу отварањето во компанијата, се вложува напор да се обезбеди и фирма која ќе врши збогатување на концентратот на рудата.

Првиот човек на „Тајмиште“, Владо Толески, вели дека моментално се во потрага по странска компанија која би можела полесно да ја пласира нашата руда, а која моментално е доста барана на светскиот пазар. Засега постои интерес од повеќе компании, но како фаворит се истакнува американско-канадската компанија која има долгогодишно искуство во рударството.

Исто така АД „Тајмиште“ имаше понуда и за рудникот за железо, но тендерот бил поништен од страна на Министерството за економија, бидејќи тоа било еднинствената компанија која се отповикала на јавникот повик, што не е во согласност со тендерските правила каде потребни се минимум две компании.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП