4 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузна камена куќа

Луксузна камена куќа

km1

„Локалната камена куќа во Нов Зеланд“ дизајнирана од архитектонската компанија „Pattersons Associates“ има соодветно име со оглед на фактот дека голем дел од градежниот материјал кој е употребен за нејзината изградба, е направен од локалните камења.

Таа се издига покрај новозеландското Божиќно дрво „похутукава“ кое се протега спроти белата, песочна плажа.

Во средишниот дел од дворот има прекрасен базен, простор за ручање и надворешен камин, што ја прави оваа куќа идеална за ноќни забави организирани од семејството кое живее во неа.

Интимата во спалните соби кои се лоцирани на горниот кат, е заштитена со необични ролетни кои не дозволуваат да се гледа однадвор, но истовремено овозможуваат прекрасен поглед кон океанот за домаќините.

Оваа куќа, со својата уникатност, луксуз и локација е неспоредлива со ниедна друга, пред се поради необичниот дизајн со камења, кои и даваат совршен „шмек“ и чувство на припадност во својата околина.

km2

km3

km4

km5

km6

km7

km8

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП