29 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКуо: Пазарниот удел на Huawei во Кина следната година ќе скокне на...

Куо: Пазарниот удел на Huawei во Кина следната година ќе скокне на 50 проценти

Познатиот аналитичар Минг-Чи Куо во повеќето случаи објавува само прогнози поврзани за компанијата Apple, но постојат и исклучоци.

Па така овој пат тој се занимаваше со компанијата Huawei во контекст на неодамнешните забрани, можната појава на уреди без Google услуги и трговската војна со САД.

Куо предвидува успех на компанијата на домашниот (кинески) пазар каде што во текот на следната година би можел да добие пазарен удел од речиси 50 проценти. Во текот на оваа година Huawei би требало да оствари пазарен удел кој се движи помеѓу 35 и 40 проценти, кој следната година ќе се зголеми на ниво помеѓу 45 до 50 проценти.

Според најновите податоци од компанијата IDC, Huawei во вториот квартал од оваа година на кинескиот пазар испорачал 36,3 милиони паметни телефони достигнувајќи удел од 37 проценти (раст во однос на минатогодишниот удел од 27 проценти).

Huawei во иднина ќе стави голем акцент на технологиите поврзани со 5G мобилните мрежи и има амбициозен план во текот на 2020 година да испорача 100 милиони паметни телефони со поддршка за 5G мрежите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП