27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Судирот во Мали е ризик за регионалната економија

ММФ: Судирот во Мали е ризик за регионалната економија

mali

 Судирот во Мали, кој се прошири на заложничката криза во наоѓалиштето за гас во Алжир, претставува ризик за регионалната економија, соопшти Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

– Тоа сигурно е извор на проблеми за соседните економии, истакна Масуд Ахмед, шеф на одделот на ММФ за Блиски Исток и централна Азија.

Тој додаде и дека економијата на Сахел, регион во пустината Сахара, најверојатно ќе биде погодена од судирот меѓу исламистичките бунтовници и воените сили на Мали и Франција.

Во врска со Алжир, каде во наоѓалиштето за гас „Ин Аменас“ исламистите киднапираа десетици странски државјани, Ахмед оцени дека „се уште е рано за проценки за долгорочно влијание на овие случувања врз економијата“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП