26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП кошарка: Два од два за Италија

СП кошарка: Два од два за Италија

Италија победи против Ангола со 92:61 (25:11, 19:10, 26:21, 22:19) во натпревар од второто коло од групната фаза на Светското кошаркарско првенство во Кина.

Најефикасен во победничкиот тим беше Марко Белинели со 17 поени. Кај африканската репрезентација се истакна Јаник Мореира со 15 поени.

Италијанците имаат четири бода и водат во групата Д.

Анголците имаат два бода и се на третата позиција.

Мундијалот во кошарка се одржува во Кина од 31 август до 15 септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП