19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕКино како шатор под отворено небо

Кино како шатор под отворено небо

Во Кипар наскоро се отвора кино во форма на футуристички шатор, кој љубителите на филмот ги повикува да уживаат во своите омилени кинематографски остварувања под отворено ноќно небо.

Киното е дизајнирано од руската архитектонска агенција KATARSIS, а изградбата им овозможува на гледачите да заземат удобно лежење на песокот, и погледот да го насочат кон платното лоцирано на врвот на шаторот. Просторот овозможува во филмот да уживаат до 25 гледачи, а киното ќе се наоѓа на плажата Героскипу, во близина на местото Пафос.

Концептот е создаден како дел од конкурсот објавен од кипарската Архитектонска школа (CYSOA), а задачата беше да се разгледа концептот на кина под отворено небо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП