3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАYahoo го купи Qwiki

Yahoo го купи Qwiki

qwiki

„Yahoo“ ја купи видео апликација за мобилните уреди„Qwiki“.  Иако деталите околу продажбата не се обелоденети, некои медимуи информираа дека „Yahoo“ за овој „startup“ платил 50 милиони долари.

„Многу сме возбудени што можеме да објавиме дека „Yahoo“ го купи„ Qwiki“ – компанија која користи неверојатна технологија за да ги спои сликите, музиката и видеото“ стои во соопштението од „Yahoo“.

За разлика од другите „startup“ кои досега „Yahoo“ ги купи, апликацијата на „Qwiki“ ќе има поддршка од компанијата.

Првите гласини за овој договор се појавија во средината на јуни, а „Qwiki“ се вклопува во генералната формула по која „Yahoo“ ги купува компаниите. Станува збор за компанија која првенствено работи кон мобилната платформа и чини помалку од 100 милиони долари.

Под водство на Мариса Мајер „Yahoo“ досега купи неколку „startup“-и слични на „Qwiki“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП