Оперативна добивка за периодот од 1 јануари 2019 година до 30 јуни 2019 година на Реплек АД Скопје изнесува МКД 58.192 илјади.
Оперативните приходи изнесуваат 495.023 илјади денари и се зголемени за 5%, а оперативните расходи изнесуваат 421.373 илјади денари и бележат зголемување за 2% во однос на истиот период претходната година. Приходите од продажба на странски пазар имаат учество од 56% во вкупните приходи од продажба (2017: 57%) и имаат зголемување од 2% во однос на истиот период минатата година. Приходите од продажба на домашен пазар имаат учество од 44% во вкупните приходи од продажба (2017: 43%) и имаат зголемување од 7% во однос на истиот период минатата година. Консолидираната добивка пред оданочување изнесува МКД 57.890 илјади.
Реплек АД Скопје во текот на 2019 година има исплатено дивиденди и даноци за исплатените дивиденди во вкупен износ од МКД 121.915 илјади денари, односно исплата на дивиденда во нето износ од 3.998 денари по акција.
Реплек АД Скопје до 30 јуни 2019 година има приливи од дивиденда од придружени друштва во износ од МКД 72.000 илјади.
Во консолидираните финансиски извештаи за периодот од 01.01.2019 до 30.06.2019 година кредитното задолжување е зголемено за 33.298 илјади денари, односно на 30 јуни 2019 година изнесува 108.458 илјади денари (на 31.12.2018 година изнесува 75.161 илјади денари).
Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.