20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДомашен рецепт за нега! Нахранете ја кожата со грозје и кокос

Домашен рецепт за нега! Нахранете ја кожата со грозје и кокос

Воведувањето овошје и зеленчук во секојдневната рутина за убавина секако не е новина. Ако досега не сте, тогаш во неа неизбежно морате да воведете и кокос и грозје, бидејќи се суперхрана за вашето лице.

Кога еднаш ќе пробате, сигурни сме дека кокосовото масло веднаш ќе ви стане највреден сојузник за убавина. Кокосовото масло е одлично за отстранување на шминка, делува антибактериско и ја чисти кожата доколку е проблематична. Одличен е навлажнувач.

Еве и како да го користите: Одделете неколку количини со големина на монета и тријте по лицето 30 секунди. Потоа на лицето ставете топол пешкир за да ги отворите порите и оставете го да отстои 30 секунди. После тоа нежно отстранете го вишокот на масло.

А еве и рецепт кој ќе ви помогне да користите грозје за вашата убавина.

Потребни ви се 10 бобинки грозје, 2 лажички чај од камилица и 2 лажички брашно од пченка. Измешајте чај од камилица и брашно од пченка за да добиете паста и здробете го грозјето внатре.

Нанесете ја маската на лицето и оставете ја да отстои 15 минути. Потоа исчистете го лицето и нанесете некој производ за хидратација. Грозјето е полно со антиоксиданти, па делува како превенција против стареење. Грозјето содржи витамин Е, кој активно се бори против слободните радикали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП