25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИXiaomi разочара со резултатите

Xiaomi разочара со резултатите

Кинеската компанија Xiaomi денес објави 15 процентен раст на кварталните приходи, што е, сепак, пониско во однос на очекувањата на пазарот.

На намалувањето на приходите влијаеше тоа што помалку луѓе купувале паметни телефони на домашниот кинески пазар и затоа што конкурентскиот Huawei зафатил поголем удел на пазарот, објави Reuters.

Приходот на Xiaomi во вториот квартал, заклучно со 30 јуни, порасна на 51,95 милијарди јуани (7,36 милијарди долари) од 45,24 милијарди јуани во истиот период минатата година.

Аналитичарите очекуваа приход од 53,52 милијарди јуани, покажуваат податоците на Refinitiv.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП