24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОва омилено благо навистина го подобрува расположението?

Ова омилено благо навистина го подобрува расположението?

Британски научници неодамна, според истражувањето во кое учествувале 13.600 испитаници, утврдиле дека луѓето кои редовно јадат чоколадо со најмалку 70 проценти какао имаат помал ризик за развој на депресија.

Авторите на студијата откриле дека црното чоколадо може позитивно да делува врз расположението и да ги ублажи симптомите на депресија, но и дека другите видови чоколади како што е на пример млечното чоколадо не го остварува овој ефект.

Претходните истражувања, исто така покажаа дека чоколадото може да дејствува како природен антидепресив заради високата содржина на тирамин и фенилетиламин, две соединенија кои се близу до амфетамини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП