5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИiPhone со Face ID и Touch ID подршка се очекува во 2021...

iPhone со Face ID и Touch ID подршка се очекува во 2021 година

Многумина мислеа дека Face ID е иднината на iPhone кога Apple ја имплементираше оваа функција наместо Touch ID. Меѓутоа, во последно време има се поголем број гласини дека Apple сè уште не се откажува од Touch ID. Сега новиот извештај на аналитичарот Минг-Чи Куа вели дека враќање на технологијата ќе видиме во 2021 година.

Според извештајот на Куа, враќањето на Touch ID функцијата нема да значи дека Face ID ќе биде отстранет. Двата безбедносни системи се очекуваат во тандем, што на корисниците им дава можност да го отклучат телефонот со лице или отпечаток од прст.

Touch ID системот ќе биде од нов вид, а се очекува Apple конечно да спроведе сензор за отпечаток од прст под екранот на iPhone уредот. Останува да се види дали и на кој начин Apple ќе успее да го направи своето решение различно од она што другите компании веќе го нудат на ова поле.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП