19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕСрушен рекордот на најскапо кафе во светот

Срушен рекордот на најскапо кафе во светот

Дали сте слушнале за Best of Panama натпреварување, односно настан на кој врвното кафе се проценува и продава на аукција?

Па, како дел од традицијата, тука е повторно срушен рекордот за најскапо кафе на светот. Elida Estate кафето е продадено по цена од 1.029 долари за половина килограм, со што го сруши рекордот во однос на минатата година, кога цената беше 803 долари за истата количина. Две години порано, Hacienda La Esmeralda продаде 50 килограми сопствено кафе, по цена од 601 долари за половина килограм. Она што сите тројца рекордери имаа заедничко, освен тоа што учествуваа во натпреварот во Panama, е дека сите кафиња беа Gesha.

Gesha е премиум зрно во светот на кафето, кое веќе рутински достигнува неверојатни цени на аукциските продажби, станувајќи омилен меѓу баристите кои влегуваат во натпревари.

Иако кафето Gesha потекнува од Етиопија, Панама стана нејзин епицентар. Овогодинешниот рекорд е купен од страна на конзорциумот кој го предводи јапонскиот Saza Coffee, како и група американски клиенти вклучувајќи го Klatch, кои веќе трет пат по ред го купуваат најскапото кафе во светот.

Дали сте за шолја кафе?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП