16 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕИдилична викендица на езерски брег во Швајцарија

Идилична викендица на езерски брег во Швајцарија

Сместена на брегот на езерото Турлерсе во Швајцарија, оваа современа викендица од неодамна е создадена како дело на  Wafai Architecture за мало семејство…

Овој проект-викендица на брегот на езерото е осмислен како место во кое мало семејство ќе го најде својот мир и тишина. Инспирацијата за нејзиниот дизајн потекнува од проучување на местото на изградба, сите нејзини елементи и повремено создавање нежни контрасти и акценти. Динамичниот облик на куќата е создаден како остар контраст на бујна шума која се наоѓа зад неа.

Сепак, површината на ѕидот постепено се претвора во кровен елемент, па овие динамични линии нè наведуваат да погледнеме кон шумата и да се вклопиме со нејзината убавина, убавината на небото и водата. Комбинацијата од дрво и стакло, односно ѕид и покрив кои се движат постепено, создавајќи природна светлина во едноставен, но многу удобен ентериер, со панорамски поглед.

Динамичниот, отворен простор започнува да се движи заедно со вас од самиот влез на делото, создавајќи разиграна сцена која ве води до стаклената главна фасада.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП