Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 10,689.14 -2.96%    BGOR 196.00 -2.97%    DLIN 35,143.00 0%    FERS 73,235.00 -3%    GRNT 1,029.70 1.77%    KMB 5,497.72 -1.15%    KVAS 14,400.00 0%    MPT 72,169.12 -2.46%    MTUR 5,300.00 0%    OHB 6,150.00 0%    REPL 77,500.00 2.65%    RMDEN18 98.70 0%    RZUS 83.00 0%    STB 1,152.61 -0.64%    STIL 99.00 -2.09%    TETE 2,341.25 -0.41%    TTK 1,380.00 1.6%    UNI 2,151.02 -1.74%    

Места низ Македонија идеални да се посетат со велосипед

Време: 09:41

Датум: август 8, 2019

Категорија: ЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕ

Природните убавини кои ги крие нашата земја се далеку познати, но ретко кој од нас посетил поголем број од истите. Некогаш од немање време, или пак од недостаток на желба или нечувствување предизвик. А тие се толку блиску до нас, интересни и автентични!

Токму затоа нашата редакција се реши да предложи неколку локации, кои пленат со својата убавина, а кои можат да се откриваат и со возење велосипед. На тој начин спојувате две работи, здрава физичка активност и истражување на недопрените убавини на Македонија.

Во продолжение ви презентираме само неколку дестинации кои се одлични за сите љубители на велосипедскиот туризам.

Козјак

На оддалеченост од околу 30-тина километри од Скопје, езерото Којзак е одлична дестинација за возење велосипед и претставува еден вид прибежиште од градскиот метеж. Погледот кој го нуди обзервациската точка на самиот крај од турата нема да ве остави рамнодушни.

Мариово

На отприлика 45 км од селото Манастир и 4 и пол часа поминати во возење со велосипед, исполнети со безброј пејзажи, ќе се најдете во селото Зовиќ. Ова место е најпознато по Камениот мост или уште познат како “Филмски мост”, кој се  наоѓа во непосредна близина на селото.  Најдобар период за возење се летните месеци кога воедно ќе можете да направите една долга пауза и да се разладите во чистата вода на Градешка река.

Матка

Доколку истовремено сте љубители на пикник и на велосипедизам, Матка е вистинското место за вас. На само 15 км од центарот на Скопје, кањонот на реката Треска претставува одлична дестинација за возење велосипед за оние кои ги преферираат пократките дистанци.

Пред да продолжиме со пишување за следната дестинација за возење велосипед вреди  да ја поздравиме и иницијатива на банката со најдолга традиција во земјава, Стопанска банка АД – Скопје, и нејзиниот проект #ВозиОдСрце со кој се повикуваат граѓаните на почесто користење на велосипедите. Преку оваа иницијатива компанијата директно се залага за почиста и поздрава животна средина. Се што треба да имате за учество во оваа иницијатива е исправен велосипед, кацига и желба за водење на здрав живот. На www.voziodsrce.mk еднаш се регистрирате преку вашиот Strava профил и со секое следно возење почнувате да ги донирате извозените километри. А со крајот на кампањата, покрај тоа што заедно ќе извозиме илјадници километри на велосипед, Стопанска банка АД – Скопје ќе донира современа медицинска опрема за Универзитетската клиника за детски болести, оддел за кардиологија.

Маврово

Во рамките на Мавровскиот парк постои добро развиена мрежа на патеки за велосипедизам кои нудат прекрасни пејсажи и панорами. Патеките се добро маркирани, лесни за следење и се комбинација од асфлат и земја. Возењето велосипед во Маврово е можност за уживање во културните и природините убавини на Македонија. Патот ќе ве однесе низ различни убави и автентични села, пасишта, бачила, а кога ќе бидете жедни ќе можете да се напиете свежа планинска вода од неколкуте извори долж патеките.

Охридското крајбрежје

Прогласено за светско културно наследство и под заштита на УНЕСКО, охридското крајбрежје се карактеризира со богата историја, археолошки наоѓалишта, и природна убавина. Со должина од околу 30км, од самиот град па се до манастирот Св. Наум, турата по крајбрежјето на најстарото езеро во Европа може да биде многу интересна. Доколку возите во летниот период, попатно може да застанете и да се освежите со едно кратко капење или пијалок на некоја од плажите, да ја посетите праисториската населба и архелошкото наоѓалиште “Заливот на Коските”, или пак да го посетите живописното село Трпејца.

Македонија, навистина е убава, а посебно кога ја откривате со велосипед!

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Како спијат морските желки? (видео)

    Како спијат морските желки? (видео)

    Морските желки спијат, но нивниот сон се разликува од оној на човекот бидејќи тоа повеќе наликува на состојба на одмор и релаксација. Кога е време…

  • Местото на најлошата нуклеарна катастрофа во историјата отворено за туристи

    Местото на најлошата нуклеарна катастрофа во историјата отворено за туристи

    По нуклеарната катастрофа во Чернобил во 1986 година, властите на тогашниот СССР, а подоцна Украина, строго забранија пристап до локациите изложени на радијација за неовластени…

  • Огромен грбав кит доплива во Лондон (видео)

    Огромен грбав кит доплива во Лондон (видео)

    Грбав кит долг најмалку пет метри е забележан во реката Темза источно од Лондон скоро една година откако китот белуга за прв пат е виден…

  • Величенствено шоу во чест на Ганди на „Бурџ Калифа“ во Дубаи (видео)

    Величенствено шоу во чест на Ганди на „Бурџ Калифа“ во Дубаи (видео)

    Највисокиот облакодер во светот се покажа во целата своја величенственост по повод 150-годишнината од раѓањето на Махатма Ганди со волшебно аудио-визуелно шоу во средата, пренесува…

  • Пингвин плива 8 000 километри секоја година за да го посети својот спасител(видео)

    Пингвин плива 8 000 километри секоја година за да го посети својот спасител(видео)

    Бразилски рибар, кој пронашол пингвин во критична состојба, прекриен со нафта и заробен во карпи, го искапил и го нахранил, очекувајќи дека кога ќе се…

  • Решена мистеријата за Мачу Пикчу?

    Решена мистеријата за Мачу Пикчу?

    Археолозите и архитектите отсекогаш се прашувале зошто Инките решиле да го градат својот свет гтрад Мачу Пикчу на теренот на денешниот Перу, на прилично тежок…

  • Будва – лето кое трае

    Будва – лето кое трае

    Доколку досега не сте ја посетиле Будва во септември или октомври, тоа значи дека не сте го запознале вистински овој медитерански град. Тогаш најдобро се…

  • Величествен и редок: Розов дијамант од 10.64 карати

    Величествен и редок: Розов дијамант од 10.64 карати

    Дали некогаш сте се запрашале зошто дијамантите не се на списокот на Светски чуда? Ако ние се прашуваме, тие веднаш би се нашле на него,…

  • Пред Париз и Лондон, речиси 23 милиони пристигнувања: Ова е најпосетуваниот град во светот

    Пред Париз и Лондон, речиси 23 милиони пристигнувања: Ова е најпосетуваниот град во светот

    На прво место на најпосетувани градови во светот е главниот град на Тајланд, Бангкок. Овој град е пред Париз и Лондон, покажуваат резултатите од најновото…

  • Најбезбедни градови во светот за 2019 година

    Најбезбедни градови во светот за 2019 година

    Токио е најбезбеден град во светот за 2019 година, покажа Индексот за безбедни градови на известувачката служба на Економист. Известувачката служба на Економист, која работи…