20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple убедливо прв на пазарот на таблети

Apple убедливо прв на пазарот на таблети

Apple продолжи да го предводи глобалниот сектор за таблети, при што неговиот удел на пазарот во вториот квартал достигна 38,1 процент.

Испораките на iPad достигнаа 12,3 милиони единици, што е зголемување од 6,1 проценти во однос на претходната година, се вели во извештајот објавен од International Data Corporation (IDC).

Samsung е на второ место со 15,2 проценти од пазарот, а потоа следува Huawei со 10,3 проценти.

Amazon, кој се фокусираше на поевтините уреди, забележа раст од 46,3 проценти во вториот квартал, заземајќи го четвртото место со пазарен удел од 7,4 проценти.

Lenovo ги заокружи првите пет со 5,8 проценти пазарен удел, иако неговите пратки паднаа за 6,9 проценти оваа година. Сепак оствари солиден раст на пазарите во САД, Западна Европа и Јапонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП