25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНовиот Hublot инспириран од најпопуларниот грчки остров

Новиот Hublot инспириран од најпопуларниот грчки остров

По успехот на моделот Classic Fusion Mykonos во изминатите седум години, брендот Hublot и нивниот партнер, GOFAS Jewellery претставија новитет за ова лето…

Инспирирани од Егејското море и кикладскиот архипелаг, најновото издание на моделот Classic Fusion Mykonos доби небесно-сина керамичка база и уникатна ротирачка ветерница која е иконски симбол на Миконос. Ветерниците се сметаат за симбол на богатата историја на овој остров, а шеснаесет од дваесет и осумте првично изработени овде сè уште постојат. Повеќето ветерници се реновирани и може да се посетат. Куќиштето со дијаметар од 45мм има скелетизиран хронограф, а е крунисан со небесно сина керамичка основа.

Новиот Hublot Classic Fusion Chronograph Mykonos има сафирен бројчаник со гравирано лого на брендот, кое е создадено од висококвалитетно злато или титаниум. Часовникот е комбиниран со каишки изработени од два материјали – црна гума и небесно сина алигаторска кожа. Достапен за купување е само на Миконос, моделот е достапен во две варијанти од титаниум и квалитетно злато, додека секоја варијанта е достапна во само педесет примероци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП