25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЕкспертите имаат одговор на прашањето колку навистина треба да вежбаме

Експертите имаат одговор на прашањето колку навистина треба да вежбаме

Вежбањето е еден од клучевите за здравје и добра телесна тежина, но за да го искористите на најдобар можен начин, треба да вежбате секој ден во исто време, според експертите.

Имено, луѓето кои немаат редовни навики за вежбање мораат да вежбаат подолго од оние кои на вежбање одат секој ден во исто време, покажа неодамнешното истражување.

Накратко, оние кои вежбаат повремено 4,8 дена неделно и околу 350 минути вкупно, додека на оние кои им е тоа дневна рутина вежбаат во просек 4,4 дена и вкупно околу 285 минути.

Вежбањето е многу важно за целокупното здравје, а кога имате навика за вежбање во исто време, телото е подготвено на дневна активност.

Експертите од клиниката Miriam, во американскиот Род Ајленд, тврдат дека потребни се најмалку 250 минути вежбање неделно за да се одржи здрава телесна тежина.

Истражувањето покажало дека луѓето кои успеваат да ја одржат својата тежина, односно не добиваат нови несакани килограми, полесно се држат до планот на исхрана и вежбање бидејќи тоа на нив делува охрабрувачки.

Претходните истражувања ја покажаа важноста на одржување на временскиот распоред со цел губење на несаканите килограми. Резултатите покажале дека и жените кои вежбаат наутро имаат помал ризик од дебелина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП