22 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСоздадена најголемата издавачка куќа во светот

Создадена најголемата издавачка куќа во светот

pingvin

Германскиот медиумски концерн „Bertelsmann“ и британскиот „Pearson“ објавија дека е завршен договорот за спојување на нивните издавачки куќи „Random House“ и „Penguin Group“.

Како резултат на спојувањето е создадена најголемата издавачката куќа во светот – „Penguin Random House“.

Во новата компанија „Bertelsmann“ држи 53 проценти од акциите, а „Pearson“ останатите 47 проценти. Трансакцијата вклучува издавачки бизнис на концерните во САД, Велика Британија, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Индија, Шпанија, а исто така и во земјите од Латинска Америка, Азија и Јужна Африка, но не и активностите на „Bertelsmann“ во Германија.„Pearson“ го задржува правото да го користи брендот „Penguin“ во образовниот бизнис.

Според условите на договорот двете компании не можат да го продадат својот удел во заедничката компанија во наредните три години. Обединувањето на издаваштвата ќе овозможи да се создаде силна платформа со поголеми ресурси за инвестиции во нови модели на дигитален печат, а исто така ќе се прошири бизнисот на брзо растечките пазари.

Во „Penguin Random House“, чија канцеларија ќе биде лоцирана во Њујорк, ќе работат речиси 11 илјади вработени. Годишниот обрт на компанијата се очекува да биде околу 3 милијарди евра. Извршен директор на комбинираната компанија ќе стане Маркус Доле, а Џон Макинстон ќе е претседател на одборот на директори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП