29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕМузеј на иднината - нова футуристичка ѕвезда на небото на Дубаи

Музеј на иднината – нова футуристичка ѕвезда на небото на Дубаи

Дубаи е побогата со нова мегаломанска архитектонска креација – убава, елипсоидна зграда во која е сместен новиот Музеј на иднината.

Тоа е соодветно, со оглед на футуристичкиот дизајн на оваа челична зграда, напишана со арапски букви.

Музејот веќе доби бројни награди за својот дизајн, иако официјално се отвора следната година кога Дубаи ќе биде и домаќин на Еxpo.

Еднакво како и за надворешниот изглед амбициозни се плановите и за ентериерот – музејот сака да послужи како основа за истражување на најголемите предизвици и технологии што ќе ја обликуваат нашата иднина, од климатските промени до пробивот во медицината.

Иницијатор на музејот е Dubai Foundation for the Future (DFF), а го предводи шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактум, чија цел е да го развие Дубаи во „центар за иновации и лабораторија за нови технологии“.

Музејот на иднината првично е замислен како серија привремени програми за промовирање на улогата на технологијата во области како што се здравството, климатските промени и безбедноста на храната. Постојаната изложба ќе опфати слични теми, но уште подлабоки.

„Нашиот фокус не се футуристички играчки“, изјави извршната директорка Лат Карлсон, за CNN. ”Сакаме подлабоко да влеземе во прашањата како луѓето можат да живеат на вселенска станица во Земјината орбита? Како треба да одговориме на колапсот на екосистемот? И како можеме да управуваме со својата благосостојба и емоционално здравје во иднина?“

Музејот така ќе понуди во голема мера и интерактивно искуство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП